На престојните парламентарни избори ќе гласаат и Бугарите во странство

Објавено на 10 септември, 2014 во 08:00

Вчера истече рокот во кој Бугарите што живеат во странство, можат да аплицираат за гласање за парламентарните избори надвор од земјата, јави Радио Канал 77.

Гласањето ќе се одвива во државата во која се наоѓа бугарско дипломатско или конзуларно претставништво. Од бројот на апликациите зависи колкав ќе биде бројот на избирачките места.

Министерството за надворешни работи очекува да има 402 избирачки места во странство, од кои 30 во Велика Британија.

Апликации се потпишуваат рачно и се поднесуваат лично или по пошта во дипломатските служби. Може да се поднесат и по електронски пат преку веб-страницата на Централната изборна комисија (ЦИК).

Во документот задолжително се наведуваат имињата од пасошот, личната карта или воената книшка (само за војниците), еден граѓански број, постојаната адреса во Бугарија и населеното место во кое граѓанинот сака да гласа.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.