Тринаесет години од терористичките напади во САД
Објавено на 11 септември, 2014 во 09:42
САД денеска ја одбележуваат 13-та годишнина од нападите на 11 септември 2001 година во Њујорк и Вашингтон, во кои загинаа речиси 3.000 лица.
Комеморативни церемонии ќе бидат одржани во Њујорк и Вашингтон, каде пред 13 години авиони управувани од терористи, удрија во кулите-близначки на Светскиот трговски центар и во зградата на Пентагон.
Меморијалниот плоштад 9/11, за првпат годинава ќе биде отворен за јавноста во периодот од 18 до 22 часот по локално време. Претходно, тој беше достапен само за семејствата на жртвите во нападите.
