Циклонот „Талија“ го поплави Дубровник
Објавено на 12 септември, 2014 во 14:15
Улиците во Дубровник се под вода од поројниот дожд кој паѓа од синоќа, а дел од градот останал и без електрична енергија, јавуваат хрватските медиуми.
Утрово под вода завршил и Страдун каде водата избила од шахтите. Пожарникарите интервенирале на повеќе локации каде испупувале вода . Брегот на Грушка е исто така под вода, а потопени се и неколку бродови.
Циклонот Талија ги зафати Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора и се движи кон Македонја.
