Жена загина во Кладово,градот отсечен, поплавена централата „Ѓердап“

Објавено на 16 септември, 2014 во 07:32

Една жена загинала  во Текија  јави ТВ Бор а до сега се евакуирани 370 лица  од Кладово и околу 70 од Подршка и Близина.

Поради обилните дождови и одрони на земја и камења во источна Србија една жена загина , и непроодни се сите патни правци кои водат кон Кладово. Водата влезе и во помошните простории на Хидроелектраната „Ѓердап 2“ и постои опaсност за прекин на нејзината работа.

Спасувачките екипи во текот на целата ноќ биле ангажирани во евакуацијата на населението од регионот Текија, информираат српските медиуми.

Вонредна сосотојба е прогласена на целата територија на Кладово, Мајданпек и Неготин Краина   а уништена е и Ѓердапската магистрала.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=QppIqK5Mfvk{/youtube}

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.