Источна Србија се соочува со последиците од дождот
Дождот престана, на истокот во Србија и зад себе остави огромни штети. Сега на граѓаните им е потребнa помош. Најмногу храна, вода, гумени чизми и пумпи. Треба да се поврзат Кладово, Неготин и Грабовица а тоа засега може само со понтонски мост кој веројатно армијата набргу ќе го постави. Евакуацијата засега е прекината.
Домови и училниците во подрачното училиште се полни со кал и урнатини. Пред лавината на лизгање на земјиштето избегале повеќе од 400 луѓе. Повеќето од нив беа евакуирани во Кладово во локалните хотели, приспособени како прифатилишта
Во Неготин и околните региони временските услови се многу подобри ова утро и луѓето почнаа да ги чистит последиците од поплавите.
Хидроцентралата “Железна порта 2″ се уште работи со намален капацитет. Се стравува калилвата вода од надојдената струи да не влезат во централата
Околу Мајданпек, поплавите најмногу штета предизвикаа во селата Бољетин и Орепковиќ На жителите минатата ноќ, им е испорачана првична пратка на помош. Тие бараат повеќе храна, вода, средства за хигиена, како и гумени чизми.
Нова опасност претставува реката Нера во Кушиќ каде кризниот штаб предвивува дека е можна поплава зарди подигнатиот водостој
