Почна референдумот за независност на Шкотска

Објавено на 18 септември, 2014 во 06:48

Граѓаните на Шкотска почнаа да гласаат на денешниот референдум на кој единствено прашање е „ Дали Шкотска треба да биде независна држава?“, јави Радио Слободна Европа.

Неизвесноста на резултатот од гласањето е голема со оглед на тоа што е мала разликата меѓу оние што се за или против независноста на Шкотска.

Гласањето што почна во 8 часот по средноевропско време ќе трае до 23 часот, а првите резултати се очекуваат утре.

Доколку референдумот успее, Шкотска на 24 март 2016 ќе стане независна држава.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.