Белградска Карабурма е српска Колумбија: Никаде нема повеќе дрога на толкав број на жители
Убиства, судири на навивачи, улично дилање на дрога. Овде деведесетите уште не се поминати. Официјално оваа белградска населба се вика Карабурма. Жителите ја викаат мала Колумбија. Ова, според полицијата е најнебезбеден крај во Србија.
– Никаде нема повеќе дрога на толку малку жители. Од тука и мала Колумбија- велат жителите на Карабурма.
За дрогата и дилерите никој не сака да зборува со име и презиме.
– До пред неколку години, овде буквално владееше страв од дилерите. Никој нормален не се осудуваше да ги пријави во полиција- вели Наташа П. од Карабурма.
Мештаните од оваа населба кажуваат дека со години дрога се продавала на нивните улици како гума за џвакање во трафика.
– Дилери имаше на секој ќош, највеќе кај киното „Славица“ и во паркот помеѓу улиците Салвадор Аљенде и Мирјевски булевар. Тие на мотори и со такси доаѓаа и продаваа дрога. Основци продаваа дрога која ја криеја во паркот -вели Наташа П.
Таквата ситуација траела се до убиството на дилерот на дрога Дарко Делиќ во 2009 година. Неговото јагленосано тело било најдено во контејнер на Смедеревскиот пат.
Пензионирани полицаец додава дека бил на служба додека земунскиот клан преку браќата Костадиновиќ (Нинослав и Слаѓан) ја контролирале Карабурма.
– Тогаш се работеше на друг начин. Полицијата го познаваше секој дилер, секој наркоман. Сега нема зграда во која нема наркомани, кои и самите дилаат дрога, за да заработат за себе. Овде нема големи дилери, но тие ситни дилери-наркомани ги има се повеќе и повеќе и тоа претставува голем проблем- обајснува бившиот полицаец.
Пет најопасни населби во Србија: Kарабурма во Белград, Нова Населба во Нови Сад, Блок 45 во Белград Лимани во Нови Сад и Медијана во Ниш.
Извор: Монитор
