Македонци во Австрија украле половина милион евра
Банда која извршила над 50 кражби во Австрија, при што е направена штета од 550.000 евра, наскоро ќе се најде пред обвинителна клупа, пренесуваат австриските медиуми.
Меѓу петмината осомничени Македонци, еден веќе бил осуден на 2-годишна затворска казна. Јавниот обвинител Алоис Ебнер во четвртокот во Линц, изјави дека тие „каде и да посакале, успевале да влезат и да ограбуваат“. Еден од обвинетите на возраст помеѓу 23 и 38 години и претходно и бил познат на полицијата.
Групата оваа пролет извршила поголем број провали, а биле обиени 11 сефови во повеќе приватни домови. Најверојатно до крајот на истрагата штетата од нивните кражби да стане уште поголема и да стигне до еден милион евра.
Австриската полиција со цел да влезе во трага на бандата апелира до граѓаните доколку забележат некои од обележаните предмети и украдените работи да ги пријават на телефонски броеви наменети за тоа. Исто така, тие алармираат на граѓаните да бидат многу внимателни бидејќи станува збор за опасни лица.
