Рекорден број новозаразени од ковид-19 во Велика Британија
Објавено на 29 декември, 2020 во 10:12
29.12.2020
Велика Британија соопшти за рекордни 41.385 новозаразени со коронавирус, додека болниците ги откажуваат сите процедури кои не се итни и се борат да најдат простор за заразените пациенти.
Од почетокот на пандемијата до денес, Велика Британија не пријави повеќе од 40.000 нови инфекции за еден ден, но треба да се земе предвид и дека бројот на тестови сега е неспоредливо поголем отколку во првите месеци од епидемијата.
Брзото ширење на инфекцијата продолжува во Велика Британија и покрај воведувањето на нови ограничувања. Воведени се мерки за спречување на ширење на заразата откако беше утврдено дека новата варијанта на коронавирусот, која се шири низ Лондон и југот на Англија, се пренесува многу побрзо од досега познатите.