Ракетен напад на американска база во Ирак, еден починат и петмина повредени

Објавено на 16 февруари, 2021 во 10:45

svet

16.02.2021

Во ракетниот напад на американската воена база во северен Ирак, според извештаите загинало едно лице, а пет се ранети, вклучувајќи и еден припадник на американските сили.

Американската коалиција во Ирак соопшти дека станува збор за најтежок напад на коалициските сили, кој се случи вчера за речиси една година, среде ескалацијата на напнатоста межу американските сили и нивните ирачки и курдски сојузници од една и ирачката милиција од друга страна, премесува Ројтерс.

Портпаролот на коалицијата сооопшти дека дошло до напад на силите во курдскиот град Ербил.

Курдските безбедносни сили соопштија дека најмалку три ракети го погодиле подрачјето недалеку од межународниот аеродром во Ербил. Американските сили се наожаат во воената база веднаш до цивилниот аеродром. Одговорноста за нападот ја презеде групата на Сараја Авлаја ал-Дам

Американскиот државен секретар Ентони Блиникен соопшти дека САД се огорчени поради нападот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.