Бајден: Нема да донираме вакцини додека не се вакцинираат повеќето Американци

Објавено на 19 февруари, 2021 во 09:43

bajden

19.02.2021

Администрацијата на претседателот Џо Бајден нема да им донира на сиромашните земји вакцина против коронавирусот што САД ја набавија, пред да бидат вакцинирани повеќето Американци, изјави претставник на администрацијата.

Претседателот Џо Бајден ќе учествува на виртуелен состанок на Г7 на кој лидерите на најразвиените земји ќе разговараат за глобалната дистрибуција на вакцини до кои немаат пристап сиромашните земји, пренесува бриселскиот портал Политико.

Бајден се очекува да објави дека половина од четирите милијарди долари за вакцини ќе бидат насочени кон 92 сиромашни земји преку Ковакс, додека преостанатите две милијарди ќе бидат наменети за зголемување на производството на вакцини во следните две години.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.