Прва жртва на протестите против воениот удар во Мјанмар
Објавено на 19 февруари, 2021 во 10:37
19.02.2021
Девојката која минатата недела беше застрелана од полицијата во Мјанмар, обидувајќи се да ги растера демонстрантите, почина денеска, соопшти нејзиниот брат.
Дваесетгодишната Миа Твате Твате Кенг беше приклучена на апарати откако беше примена во болница на 9 февруари.
Таа беше застрелана во главата за време на протестот против воениот удар во главниот град на Мјанмар, Најпијадау, пренесува „Ројтерс“.
Миа Твите Твете Кенг е првата жртва на демонстранциите кои почнаа откако армијата ја презеде власта на први февруари и ја уапси претседателката на најголемата партија и добитник на Нобеловата награда за мир, Аунг Сан Су Чи.