Германските власти ја укинуваат блокадата
Објавено на 19 февруари, 2021 во 12:39
19.02.2021
Германија одлучи да ја укине блокадата поради стабилизирање на епидемиолошката состојба, но одредени мерки сè уште остануваат на сила во оваа земја, пренесе агенцијата Срна.
Германскиот министер за здравство Јенс Шпан денес изјави дека падот на бројот на заразени и зголемената масовна вакцинација значи укинување на мерките за блокада, но тој повика на претпазливост, имајќи предвид дека е идентификуван нов заразен вид на вирусот.
„Постојат сè поголеми барања да се стави крај на блокадата и тоа е можно, но мора да бидеме внимателни да не го загрозиме сето она што го постигнавме досега“, рече Шпан на прес-конференција.
Од почетокот на епидемијата, потврдено е дека во Германија се заразени 2.369.719 лица, додека починале 67.206 лица.