Истражување: Вакцината на Фајзер е високо ефикасна и во вистинскиот живот
25.02.2021
Првото големо истражување во вистинскиот живот на вакцината на Фајзер и БиоНТек покажува дека таа е мошне ефикасна во спречување на коронавирусот, пренесуваат светските агенции.
Повеќето податоци за ефикансоста на вакцината досега беа резултат на контролирани истражувања.
Истражувањето во Израел, каде два месеци од почетокот на програмата за вакцинација со најмалку една доза од вакцината на Фајзер се намали бројот на симптоматски болни од ковид-19 за 94 отсто во сите возрасни групи и тешка форма на болеста.
Истражувањето, кое опфати над 1,2 милиони жители, покажа дека само една доза од вакцината е ефикасна 57 проценти во заштита од симптоматските инфекции две недели по вакцинацијата, кое ја помина инаучната рецензија објавени во медицинското списание „Њу Ингланд џурнал оф медисине“.
Студијата покажува дека вакцината е ефикасна и против новиот британски сој на коронавирусот, кој почна да се шири низ светот, но научниците велат дека не можат да го утврдат точното ниво на ефикасност во тој случај.
Резултатите од студијата на истражувачкиот институт „Клалит“ ги потврдуваат претходните клинички истражувања дека две дози на вакцината на Фајзер и БиоНТек е ефикасна 95 проценти.
„Бевме изненадени, бидејќи очекувавме во вистинскиот живот во кој ниските температури за транспорт на вакцината не може идеално да се оддржуваат и каде луѓето кои се постари и поболни, дека нема да добиеме така добри резултати како во контролирани клинички истражувања. Но добивме и вакцината добро делуваше“, изјави главниот научник на студијата Ран Балицер за Ројтерс, кој додаде дека вакцината добро делува и кај младите и кај потарите, како и кај оние што немаат други заболувања или имаат малку други заболувања.