ЕК: Нема продолжување на договорите за вакцини со „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“

Објавено на 14 април, 2021 во 08:51

vakcina

14.04.2021

Европската комисија донесе одлука да не ги обновува договорите за вакцини против ковид-19 со компаниите „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“ за следната година, објави денес италијанскиот весник „Стампа“, повикувајќи се на извор од италијанското Mинистерство за здравство.

„Европската комисија, во договор со водачите на повеќето земји на ЕУ, одлучи договорите со компаниите кои произведуваат вакцини, кои важат за тековната година, нема да бидат обновени по истекот“, пишува весникот.

Се додава дека Брисел ќе претпочита да се фокусира на вакцините против ковид-19 кои користат mRNA технологија, како што се вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“.

Европската комисија побара објаснување од „Џонсон и Џонсон“ во врска со „целосно неочекуваното“ соопштение на компанијата за доцнењето во испораката на вакцини против ковид-19 во ЕУ, изјави неименуван официјален претставник на ЕУ за „Ројтерс“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.