Која вакцина побрзо создава антитела „Фајзер“ или на „АстраЗенека“, научниците имаат одговор

Објавено на 15 април, 2021 во 10:29

vakcini

15.04.2021

Првата студија на британски научници, која директно го спореди имунолошкиот одговор на вакцините на „Фајзер“ и „АстраЗенека“, откри слично ниво на производство на антитела и малку посилен одговор кога станува збор за Т-клетките кај луѓето кои ја примиле британската вакцина.

Британски научници рекоа дека во студијата, која ги утврдила разликите во имунолошкиот одговор на вакцината против ковид 19 на „Фајзер“ и компанијата „АстраЗенека“, било утврдено дека и двете предизвикуваат слична силна реакција во производството на антитела кај луѓето над 80 години години по добивањето на првата доза.

Агенцијата наведува дека истражувањето открило и дека важна компонента на имунолошкиот систем, позната како Т-клетки, покажала посилен одговор кај оние кои ја примиле вакцината на „АстраЗенека“ отколку кај оние кои ја примиле вакцината на „Фајзер“, за што научниците веруваат дека се податоци што треба да бидат дополнително проучени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.