Европската агенција за лекови ја одобри употреба на вакцината Џонсон и Џонсон

Објавено на 21 април, 2021 во 11:10

dzonson vakcina

21.04.2021

Џонсон и Џонсон потврдија дека ќе продолжат да ја дистрибуираат вакцината против ковид-19 во Европа откако здравствениот регулатор објави дека придобивките од вакцинацијата ги надминуваат ретките ризици од згрутчување на крвта. Компанијата исто така најави дека ќе ги исполни своите обврски и ќе испорача 200 милиони дози во Европа и 100 милиони во САД.

Ројтерс потсетува дека Европската агенција за лекови во вторникот препорача за на етикетата на вакцината да биде ставено предупредување за можно формирање на тромб и посочи дека придобивките од вакцинацијата ги надминуваат ризиците.

Компанијата објави дека новата етикета на пакувањето ќе содржи предупредување за ризик од ретки несакани ефекти, како и упатства како да се препознае и третира, како и дека ќе ги започне испораките во Европската унија, Норвешка и Исланд .

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.