Температура над 40 степени, Македонија влегува во портокалова фаза

Објавено на 13 јули, 2023 во 08:45

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 14 до 22 степени, а максималната од 30 до 42 степени. УВ-индексот ќе биде многу висок и ќе изнесува 10. Сите региони во земјава влегуваат во портокалова фаза, а Владата воведе мерки за заштита од високите температури.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од јужен правец.

Под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени, а утринските во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени. Денеска ќе биде топло во целата земја, а во петок само во јужните делови кога наместа температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.