Топлиот афрички бран дојде во Македонија, од денеска летни температури!

Објавено на 2 јуни, 2025 во 08:51

Територијата на Македонија во текот на оваа седмица ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса која е со потекло од Африка. Во ваква ситуација, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец, соопшти .метео прогнозерот Славчо Поповски.

„Сепак повремено, во попладневните часови ќе има услови за изолиран развој на грмотевични конвективни облаци од кои очекувам појава на краткотрајни поројни врнежи од дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност. Не се исклучува можноста  и за појава на краткотрајно невреме. И во Скопје во текот на оваа седмица ќе биде значително топло поради влијанието на топлата воздушна маса од Африка.

Што се однесува до температурите, тие речиси насекаде ќе се искачуваат близу 30 степени. Можо е локално надминување над 30 степени, како во  Повардарието така и во Скопје со околината каде повремено ќе се бележи искачување од 35 до 37 степени.

УВ индексот оваа седмица ќе има висока до многу висока вредност и ќе изнесува коефициент помеѓу 7 и 8,“ додава Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.