ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Сепак, растат условите за попладневни врнежи и за невреме!

Објавено на 3 јуни, 2025 во 08:04

Под влијание на топлата воздушна маса од југ, односно со потекло од Африка, до крајот на оваа недела во Македонија продолжува топлото време со вистински летни температури на воздухот. Tие на многу места ќе се искачат близу 30 степени, а на повеќе места и ќе надминат 30 степени, додека во Повардарието ќе се искачат до околу 36/37 степени, соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

„Во Скопје температурата во следните неколку денови ќе се искачува до околу 36/37 степени.

Сепак, поради фронтална долина со поладен воздух во висина, во попладневните и во вечерните часови, локално во Македонија ќе дојде до дестабилизирање на атмосферата  и формирање  и развој на грмотевични конвективни облаци од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Поради загреаната атмосфера, исполнета со енергија, локално можни се поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме, проследено со пообилен поројни и краткотрајни дождови, силен ветер, силни електрични празнења, како и со услови за појава на град, кој во ваква ситуација би можел да биде крупен,“ додава Поповски.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.