Трагедија во Тетово: Тричлено семејство починало од коронавирус во својот дом
Објавено на 2 септември, 2021 во 14:05
Тричлено семејство починало од Ковид-19 во својот дом во Тетово.
-Имаме информација од минатата недела дека во домашни услови има тројца починати од едно семејство, од кои најмладата е 36 годишна жена со коморбидитети, била со обезитас, гинеколошки проблеми. Нејзините родители биле во тешки форми на болести како канцер во терминална фаза кај таткото и кардиолошка болест кај мајката. Значи генетскиот фактор и коморбидитетите се главниот проблем за смртни случаи при зараза со Ковид-19, изјави д-р Миранда Пајазити од тетовската клиничка болница за МИА.
Од болницата велат дека немаат информации за тоа како се заразиле таткото, мајката и нивната ќерка на 36 години.