Уапсен „терористот“ кој му се закануваше на Јовевски

Објавено на 2 февруари, 2022 во 12:33

Уапсен е мажот кој пред неколку дена му испрати заканувачко писмо на јавниот обвинител Љубомир Јовевски.

Според информациите лицето е упасено во Битола.

Во писмото кое имаше закани по живот до јавниот обвинител стоеше дека е испратено од теросисите кои се броат за правидини и бараат од обвинителот да ги ослободи од гонење двајцата новинари од емисијата „Заспиј ако можеш“ на АЛФА телевизија. Од Обвинителството, пак информираа дека терориситте задоцниле бидејќи предметот за нив е затворен. Освне Јовевски, закни добивала и обвинтиелката Вилма Русковска.

„Само го чекаме тој точен момент за да ви го одземеме животот. Постапете веднаш ако вашата желба е да останете живи. Ние сме терористичка организација која се бори и убива за неправди и исто така сме подготвени да гинеме за неа“, пишува во заканата до јавниот обвинител Љубомир Јовески.

Писмото беше напишано на македонски и англиски јазик а стигнало до Јовески од Битола на 17-ти јануари, бидејќи било адресирано лично до него.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.