УХМР: Следува период на стабилно, сончево и топло време

Објавено на 6 август, 2021 во 15:48

Во изминатите 24 часа најмногу дожд, пет литри на квадратен метар наврна во Лазарополе, а три во Дебар, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).  

Од УХМР потсетуваат дека времето денеска ќе биде сончево и ветровито со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер над 60 километри на час од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени Целзиусови, а УВ индексот ќе изнесува 8.

Во наредните денови ќе биде сончево, стабилно и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а максималната температура ќе достигне до 33 степени.

Особено топло ќе биде во понеделник и вторник кога максималната температура повторно ќе го достигне 40-тиот степен.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.