Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, со донација за погодените од земјотресот во Турција
Штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ во координација со амбасадата на Република Турција одлучи да одвори 500.000 денари хуманитарка помош за луѓето погодени од катастрофалниот земјотрес. Оваа одлука била д
-Паричната хуманитарна помош ќе биде во висина од 500.000,00 денари која ќе се додели во координација со амбасадата на Република Турција директно на Државната агенција за управување со кризи и итни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Турција, се вели во одлуката од Универзитетскиот сенат, соопштија од УГД.
Покрај ова, универзитескиот сенат донесе одлука и за продолжување на сесијата за студентите од Република Турција, поточо ќе им излезе во пресрет и испитната сесија за студентите од Турција ќе биде продолжена до 30.03.2023 година, во која ќе важат сите пријави од февруарската испитна сесија кои не се реализирани.
Исто така, променет и распоредот за подготвителна настава на Македонски и Англиски јазик за странски студенти, со цел да им се излезе во пресрет на бројните студенти од Турција кои студираат на УГД.
-Согласно актуелните катастрофални настани што се случија во Р. Турција, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе им излезе во пресрет на странските студенти, така што ќе се одложи почетокот на настава до 20.02.2023 година за сите групи, додадоа од УГД.
Наставата ќе започне и ќе се одвива онлајн од 20.02.2023 до 20.03.2023 година, а потоа ќе се продолжи со физичко присуство. Наставата со физичко присуство ќе се продолжи во јуни онолку колку што треба (една или две недели). Испитните рокови ќе се прилагодат со новите рокови, така што ќе биде изготвен нов календар за оваа група студенти, се вели во оваа одлука.
Дума.мк