Утре, дожд во котлините и снег на планините
Објавено на 3 февруари, 2023 во 16:02
Променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Попладне ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе се задржи и во текот на ноќта кога на повеќе места ќе биде силен (над 80 км/час, а на планините и над 90 км/час), а тоа ќе предизвика нагло опаѓање на температурата кон недела.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со повремен дожд кој во делови од котлината ќе преминува во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој во текот на ноќта дополнително ќе засилува.