Утрово снег на Пониква, Попова Шапка и Маврово
Објавено: 26 ноември, 2021, во 10:25 часот
Утрово снег има во Маврово, Попова Шапка, како и во Пониква.
Според видео камерите на „skimacedonia.mk“, јасно се гледа формирана снежна покривка и на најпознатите ски центри во нашата земја.
Mетеоролозите прогнозираат дека на планините врнежите од снег ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен до југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната од 7 до 11 степени.


