„Вакцинирајте се“: Бектеши и Димоска најавуваат засилени контроли од понеделник

Објавено на 11 август, 2021 во 10:56

Министерот за економија Крешник Бектеши и директорката на Државен пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска, на денешната средба разговарале за спроведувањето на одлуката за превентивните препораки, времените мерки, наменските протоколи, плановите и алгоритмите за постапување за заштита од ковид-19.

Како што информира министерот преку неговиот Фејсбук профил, од понеделник ќе следат засилени контроли.

– Затоа вакцинирајте се, за да го чуваме здравјето, напиша Бектеши.

Со последните мерки за заштита и превенција од ковид-19 кои Владата ги донесе се забранува секаков тип на настани и работа на угостителски објекти на затворено од 16 август и задолжителна потврда за вакцинација, најмалку со прва доза, при влез на настан или објект со повеќе од 30 присутни на отворено од 15 август.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.