Вчера се аплицирани 10.556 вакцини

Објавено на 9 јуни, 2021 во 10:28

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 444.898 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 250.813 граѓани. Прва доза вакцина, вчера,  примиле 1.455 граѓани и вкупно се вакцинирале 10.556 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 410.711 дози вакцини, а ревакцинирани се 159.898 граѓани.

Со последните бројки 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  42 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 35 % од населението над 60 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина. 

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.