Велешанец се заканувал на жена и нејзиното семејство и брат на сестра во Чашка а избувнал пожар и во возило
Полициски службеници на Полициска станица Велес,вчера, во 14:10 часот, го лишиле од слобода Д.Б.(45) од Велес, постапувајќи по пријава на 39-годишна жена според која во дворот од куќата каде што живеела, по претходни недоразбирања, тој агресивно се однесувал и ѝ се заканувал нејзе и на членови на нејзиното семејство.
Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека за настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Д.Б ќе биде поднесена соодветна пријава.
Исто така во овој Сектор на Министерството за внатрешни работи,вчера, во 13.30 часот во било пријавено дека на автопат А1 во правец Велес – Скопје, кај место викано „Пуста кула“ настанал пожар во патничко возило марка „бмв“, со скопски регистарски ознаки, во движење. Автомобилот го управувал С.В.(31) од Велес. Интервенирала територијална противпожарна единица од Велес. Повредени патници нема. Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот.
Рано утринава, поточно 01: 40 часот полициски службеници од Полициско одделение Чашка го лишиле од слобода С.С.(20) од велешко, затоа што физички ја нападнал неговата сестра. „По документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Убавка Јаневска