Викендов, од североисток, брз продор на многу ладен воздух

Објавено: 25 декември, 2025, во 08:47 часот

„Викендов, 27 и 28 декември, од североисток во Македонија ќе ни пристигне многу ладен воздух и ќе предизвика локално да првејува слаб снег со силен ветер од северен правец, повремено и локално многу силен, со брзина од над 80 км/час. Токму поради очекуваниот силен ветер кончено очекувам расчистување на воздухот во котлините во Македонија.

Во Скопје  и околината ќе биде многу ладно и во делови од котлината ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува силен ветер од северен правец кој повремено во делови од котлината ќе достигнува брзина од над 60/70 км/час.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени а преку ден ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 4 степени. Уште поладно утро ќе имам во понеделник, 29 декември, кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени. На повисоките населени места  и на планините температурите ќе се спуштаат и под -10 степени.

Се на се ни доаѓа многу ладно време па така топлата облека нека ви биде подготвена,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.