Викендов времето ќе биде како во лето – Стабилно со температури до 30 степени
Објавено на 3 мај, 2025 во 08:12

Викендов територијата на Македонија ќе биде под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ. Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од променлив правец, прогнозира Славчо Поповски.
„И во Скопје и околината викендов ќе имаме сосема слично време.
Температурите ќе бидат рано летни и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.
Во Скопје и околината максималната температура викендов ќе се искачи до околу 30 степени,“ додава метеопрогнозерот Поповски.
Дума.мк
