Владата закажа седница – ќе се одлучува за мерките за влез и излез од земјава

Објавено на 17 август, 2021 во 09:35

Владата на Република Северна Македонија, денеска, 17.8.2021 година, вторник, со почеток во 12:30 часот, ќе ја одржи редовната 99-та седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата ќе бидат разгледани заклучоците и препораките од четириесет и четвртиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус Ковид-19, одржан на 16 август 2021 година и ќе бидат донесени соодветни одлуки за заштита на колективното здравје на населението од заразната болест Ковид-19.

Согласно Дневниот ред, на седницата ќе се дискутира и за неколку предлог-закони меѓу кои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државен пазарен инспекторат, како и повеќе информации за спроведени и планирани активности на министерствата и органи во состав.

За донесените одлуки и заклучоци од Владината седница, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.