Во Македонија 822 лица по вторпат заболеле од коронавирусот

Објавено на 18 ноември, 2021 во 10:01

Според податоците на  ИЈЗ откако е започната пандемијата досега се пријавени 822 кои по вторпат се заразиле со Ковид-19.

ИЈЗ регистрирал и 36 реинфекции, за 26,5 отсто помалку во однос на претходната недела. Заклучно со 14 ноември вкупно се пријавени 822 реинфекции, што е 0,39 отсто од вкупниот број на досега заразени кој изнесува 209.449 лица.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 210.447, бројот на оздравени пациенти е 194.625, на починати е 7.367, а бројот на активни случаи изнесува 8.455

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.