Во Македонија доаѓа нов Џеновски циклон и носи опасност од нови поплави

Објавено: 3 февруари, 2026, во 08:59 часот

„На врнежите во Македонија  им нема крај, тоа значи дека и понатаму продолжува многу променливото време со чести врнежи од дожд и снег на планините а повремено врнежите во следниот период повторно ќе бидат многу обилни и поројни па така до крајот на неделата повторно постои опасност од нови излевања на реките  и нови поплавувања.

Територијата на Македонија до крајот на неделата ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Џеновскиот залив. Од среда навечер, 4 февруари, па во деновите потоа ќе имаме нови пообилни врнежи од дожд проследени со ретки грмежи како и со повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. На планините пак над 1400/1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег.

Локално, повторно ќе наврне доста големо количество на воден талог и тоа над 60 литри дожд на метар квадратен.

И во Скопје  и околината во споменатиот период ќе имаме врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец.

Температурите ќе бидат во пораст како наутро така  и преку ден. Утринските насекаде ќе бидат позитивни односно над нулата додека преку ден тие ќе се искачуваат во најголем дел од Македонија до околу 10 степени а локално тие ќе надминуваат и 10 степени,соопшти метео прогнозерот Славчо Попоски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.