Во последното деноноќие регистриран е еден случај на ковид-19
Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 1.375 тестирања и регистриран е еден нов случај на Ковид-19 од Куманово.
Оздравени се 204 пациент од : Скопје – 77, Куманово – 25, Охрид – 19, Битола – 11, Струмица – 9, Тетово и Кичево – по 7, Прилеп – 6, Гостивар, Штип и Струга – по 5, Велес и Радовиш – по 4, Кочани и Кратово – по 3, Кавадарци, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Виница и Демир Хисар – по 2, Гевгелија и Македонска Каменица – по 1.
Според последниот дневен извештај на Министерството за здравство, од коронавирус во последните 24 часа, пријавени се вкупно 3 починати лица: по едно лице од Куманово (55г), Тетово (61г), и Гевгелија (80г). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 815.893 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.418, бројката на оздравени пациенти е 149.496, на починати е 5.458, а бројот на активни случаи изнесува 464.