Временска прогноза: Магливо утро а попладне сончево со умерен ветер

Објавено на 20 октомври, 2023 во 08:07

Во утринските часови ќе има појава на магла долж Повардарието. Во текот на денот ќе преовдладува сончево и потопло време со умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени.

Во Скопје наутро со појава на магла или ниска облачност, во текот на денот сончево со умерен до засилен југоисточен ветер.

Следува период на стабилно и потопло време, освен во текот на ноќта кон недела кога ќе има преодно дестабилизирање со локален пороен дожд. Утре ќе дува засилен јужен ветер.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.