Временска прогноза: Променливо облачно со ветер и дожд

Објавено на 5 септември, 2023 во 09:10

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно и ветровито време со локален дожд, претежно во западните и јужните делови, каде е можна и појава на грмежи. Ќе дува засилен североисточен ветер, на места со брзина над 70 километри на час.

Во Скопје времето променливо облачно со сончеви периоди и ветровито со умерен до засилен североисточен ветер.

Утре и во четврток ќе има повеќе сончеви периоди и услови само за изолирана појава на краткотраен дожд. Потоа се очекува стабилно и потопло време.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.