Временска прогноза: Променливо облачно со засилен ветер од јужен правец
Времето денеска ќе биде променливо облачно со засилен ветер од јужен правец. Под влијание на циклонска активност, попладне ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови. Во ноќните часови врнежите ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од пет до 12 степени, а максималната ќе достигне 24 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, во делови од котлината пообилни.
Под влијание на циклонска активност денес во вечерните и ноќните часови и утре преку денот времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, на повеќе места обилни (над 30 л/м2), а локално поројни и проследени со грмежи. Во недела ќе дува засилен јужен ветер, а врнежи од дожд се очекуваат кон крајот на денот во западните делови.
Потоа, на почетокот на следната работна седмица ќе преовладува стабилно и посончево време, а температурите ќе се задржат релативно високи.
Дума.мк