Временска прогноза: Следува стабилизирање на времето и многу сонце

Објавено на 28 април, 2025 во 08:35

Во Македонија уште денеска, понеделник, 28 април, времето ќе биде променливо облачно со појава на локален дожд. Од утре, вторник, 29 април, се до четврток,1 мај, времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала локална облачност со пораст на денските температури, прогнозира Славчо Поповски.

„Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. И во Скопскиот регион денеска времето ќе биде променливо облачно со услови за локален слаб дожд. Од утре се до четврток, 1 мај, времето ќе биде стабилно, суво и претежно сончево со повремено засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени. Во Скопје ќе достигнат до околу 27 или 28 степени. Не се исклучува можоста во Повардарието температурите локално да се искачат и до 30 степени,“ додава метеопрогнозерот Поповски.

Сепак, утрата ќе бидат посвежи со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 9 степени. За празникот 1 мај, се очекува стабилно, суво, топло и претежно сончево време, иако ветровито, сепак, ќе биде топло преку ден.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.