Временска прогноза: Сончево и многу студено

Објавено на 27 ноември, 2023 во 08:12

Времето денеска ќе биде сончево и многу студено, во западните делови со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми насекаде, а во текот на ноќта во северозападните делови ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб ветер, претпладне од северен, а попладне претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: сончево и многу студено со мала облачност. Максималната температура ќе достигне 3 степени.

Под влијание на нов влажен бран од денес во ноќните часови, утре во текот на целиот ден и во среда наутро се очекуваат нови врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а на пониските места од дожд. Во западните делови ќе има пообилни врнежи (локално над 25 l/m2), a снежната покривка на планините на северозапад ќе се зголеми за 10 до 15 cm. Утре ќе дува засилен јужен ветер. Дневната температура во следните денови ќе биде во пораст.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.