Временска прогноза: Сончево со мала облачност,тивко и температура од 9 до 17 степени

Објавено на 25 декември, 2023 во 08:15

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, претежно тивко и релативно топло.

Претпладне по котлините ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла која попладне ќе се намалува. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 9 степени. Според прогнозата на УХМР,  во наредните денови ќе продолжи периодот на претежно тивко и релативно топло време, освен по котлините каде ќе има појава на магла и пониска дневна температура. 

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.