Временска прогноза: Сончево време со мала до умерена локална облачност

Објавено на 16 ноември, 2023 во 07:48

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, претпладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени, а максималната ќе достигне 18 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен северен ветер.

Утре ќе дува засилен јужен ветер, а попладне под влијание на нов влажен и студен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови кога на планините ќе преминат во снег. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен северен ветер. Ќе има и локални слаби врнежи претежно на повисоките места и на планините каде ќе бидат од снег.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.