Временска прогноза: Сончево,многу топло со максимални 43 степени

Објавено на 14 јули, 2023 во 08:42

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со минимална температура од 15 до 22 степени и максимална од 30 до 43 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

УВ-индексот ќе биде многу висок и ќе изнесува десет.

Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец.

Под влијание на топол бран, од УХМР информираат дека во следниот период ќе се задржи стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

УВ-индексот ќе има многу висока вредност 10. Утринските температури во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.