Временска прогноза за денес: Сончево со умерена облачност
Објавено на 25 ноември, 2022 во 09:37

Денеска наутро не очекува студено и променливо облачно време, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од -3 до 2 степени, а дневната од 5 до 12 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температура до 0 степени, а дневната до 12 степени.
Во сабота времето ќе биде претежно облачно, а во недела и во понеделник претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат претежно од снег каде ќе се формира снежна покривка.
Дума.мк
