Времето денеска облачно и свежо, пообилни врнежи во западните краеви
Објавено на 30 септември, 2021 во 09:25

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде повремено ќе бидат поројни и се очекува да наврнат до 20 л/м2 дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утре претпладне ќе има повремен локален дожд со послаб интензитет, а попладне ќе настапи постепено стабилизирање на времето. За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе преовладува сончево време со умерена облачност, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
