Времето денеска сончево со умерена облачност
Објавено на 2 декември, 2021 во 09:37

Сончево со мала до умерена облачност, поголема во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а попладне на места засилен ветер од јужен правец.
Утре ќе преовладува променливо облачно време, попладне со локални врнежи од дожд, а за време на викендот во поголем дел од земјава ќе биде суво.
Врнежи на повеќе места повторно ќе има од недела кон крајот на денот и во првите два дена од работната седмица. Локално врнежите ќе бидат пообилни, а на планините и на некои повисоки места ќе преминуваат во снег. Во вторник кон крајот на денот снег ќе врне и на некои пониски места.
