Времето топло, со раст на температурите до сабота

Објавено на 4 август, 2022 во 10:40

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.

УХМР најавува дека до сабота ќе се задржи стабилно и топло време со пораст на дневните температури. За време на викендот во попладневните и вечерните часови ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В недела ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика пад на температурата од 2 до 4 степени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.