Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка

Објавено на 1 декември, 2021 во 09:31

Од 29 ноември, од 22:00 часот е воведена забрана за ТТВ на патниот правец Р1209 Тетово – Попова Шапка додека за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема. Од 22:15 часот, сообраќајот на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан е нормализиран.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.