Заев: Ќе се основа Јавна установа за управување и заштита на Националниот парк Шар Планина
Објавено на 4 август, 2021 во 14:25
На 92-рата седница на Владата, донесовме одлука за основање на Јавна установа за управување и заштита на Националниот парк Шар Планина.
Со донесувањето на оваа одлука ќе се воспостави начин на заштита на новиот НП Шар Планина и ќе се преземат мерки за заштита на утврдените зони во националниот парк, сподели премиерот Зоран Заев.
Со прогласувањето на Шар Планина за заштитено подрачје се стави под заштита и се овозможи воспоставување на систем за одржливо управување на подрачје кое е ризница на биодиверзитетот, дом на две третини од сите растителните видови во Северна Македонија и богат и ендемичен растителен и животински свет, додава тој.