Започна исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани
Во тек е исплатата на парична помош согласно Закон за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетска криза . Од Министерство за труд и социјална политика известуваат дека поддршката се однесува на корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица, корисниците на посебен додаток, корисниците на правото на надоместок заради попреченост, корисниците на надоместокот за попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.
Овие граѓани добиваат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци.
-Денеска се исплаќа и финансиската поддршка за невработени лица-корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, согласно Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата. Финансиската поддршка за овие корисници изнесува 3.000 денари месечно, за период од четири месеци и го исплаќа Агенцијата за вработување на Северна Македонија, соопштија од МТСП.
Преку Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се исплаќа финансиска поддршка за корисници на право на пензија во висина до 14.000 денари и тоа за корисници со пензија до 11.525 денари месечно, 1.500 денари месечно, за период од четири месеци, и од 11.526 денари до 14.000 денари месечно, изнесува 750 денари месечно, за период од четири месеци.
Исто така, за корисниците на правото на надоместок за телесно оштетување 750 денари месечно за четири месеци.
Дума.мк